Home » Изложба на македонската уметница Викторија Динева во Нови Сад

Изложба на македонската уметница Викторија Динева во Нови Сад

49 views

На 02.06.2023. година во Нови Сад, во Културниот центар на Војводина „Милош Црњански“ беше отворена ликовната изложба на уметницата Викторија Динева, во  рамки на 17 Манифестација „Денови на македонската култура во Нови Сад”.

Изложбата ја отвори стручниот соработник Никола Кајтез од Културниот центар Војводина ,,Милош Црњански’’. Необичните слики предизвикаа голем интерес кај публиката.

Програмата ја водеше Соња Мициќ.

Отворањето на изложбата започна со звуците на  класична музика на студентите  Илија Богдановиќ и Глорија Милошевиќ, од Академијата на уметностите – дуо  виолини го отсвирија  No 1 -првиот став од Бериот дуо concertannte и ја воодушевија публиката.

Уметничката Динева  учествувала на голем број ликовни изложби.

Деновите на македонската култура во Нови Сад е  традиционална Манифестација  препознатлива по тоа што ги   презентира нашите истакнати уметници и научни творци од различни области пред  најшироката публика која ја сочинуваат Македонци и припадници  од сите други заедници. Претставувајќи ги уметниците  и нивните дела , се трудиме да го сочуваме својот јазик, култура и традиција.

Организаторката  Васка Чергоска се обрати со зборовите: ,, Ми претставува чест и задоволство вечерва да ја поздравиме нашата Македонка, Викторија Динева, истакната ликовна уметница, која во Србија создава дела со кои ги поврзува  народите на овие простори.

На младите уметници им даваме шанса да се претстават  со своите ликовни дела.

Водителката Соња Мициќ ја прочита биографијата:  Викторија Динева   е родена во Куманово, Република Македонија, завршила Сценографија и костимографија на Националната Художествена Академија во Софија, а магистрирала на  филмска, театарска и телевизиска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕУРОПА ПРИМА во Скопје.

Кариерата започна да ја гради во Скопје, каде што работи на многу различни проекти во областа на филмот, анимацијата, театарот, рекламата, кореографијата.

Како кореограф има реализирано неколку свои танцови проекти како што се „Траги“ и „On-paper conceptualism“, со кои зема учество на танц фестивали во Белград и Скопје. Освен свои, како кореограф има работено на театарски претстави, како и на реклами.

Во театарот има работено на многубројни претстави како сценограф, костимограф, но во 2012 година има и своја претстава „Петар Пан“ на којашто освен режија, работи и сценографија, кореографија, драматургија.

Во рекламата има остварено неколку проекти, во коишто учествува како сценограф и арт директор.

Во областа на анимираниот филм има работено на неколку филма, како што се „Готлиб“ , во режија на Крсте Господиновски, „Hansel & amp; Gratel the true story“ во режија на Гоце Цветановски, „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов, филм „Монахот“ во режија на Жарко Иванов, „Змијулче“ во режија на Кристина Гацова, Крсте Господиновски и Жарко Иванов.

Во моментов работи на „Неми филмови“, анимиран филм кој што премиерно ќе биде претставен годинава. Оваа изложба со необични слики предизвика голем интерес кај публиката. Оваа изложба е нејзина прва самостојна изложба, но има повеќе  групни изложби во Скопје и  Софија.

Текстот го подготви,Васка Чергоска

04.06.2023.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!