Home Активности на Агенцијата за иселеништво Иселенички литературни средби во организација на Агенцијата за иселеништво

Иселенички литературни средби во организација на Агенцијата за иселеништво

331 views
На 21 и 22 мај во Скопје се одржаа Иселенички литературни средби во организација на Агенцијата за иселеништво. Средбите преку поздравен говор ги отвори директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски кој истакна дека Агенцијата за иселеништво преку повеке активности се грижи за чувањето на македонскиот јазик во иселеништво и тоа:преку печатење на книги на иселеници, преку промоции на дела, како и преку доделувањето на наградата „Стојан Христов” за најдобра книга поезија во рамки на Струшките вечери на поезијата. На Иселеничките литературни средби учествуваат поети од Австралија, Канада и од повеќе држави од Европа како: Р.Хрватска, Р.Србија, Швајцарија, Кралството Шведска и Р. Романија. Писателите ќе имаат можност да се самопромовираат, да ги презентираат своите дела, творби и да се запознаат и здружат меѓусебно за понатамошна соработка од областа на културата. Во текот на вториот ден настанот ќе биде збогатен со обраќање од страна на проф. Д-р Кристина Николовска, директор на ,,Меѓународниот семинар по македонски јазик и култура” и предавања од страна на професори од Институтот по македонски јазик ,,Крсте Мисирков” и Институтот за литература. Во вечерните часови ќе посетат културно- историски знаменитости и ќе присуствуват на целовечерниот концерт на АКУД ,,Мирче Ацев”

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!