Home Иселенички СтраниАвстралија ИСЕЛЕНИЧКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ОД 3-7 ЈУЛИ 2024 ГОДИНА ВО ОХРИД И СТРУГА

Во организација на Агенцијата за иселеништво од утре ќе започне Иселеничкиот фолклорен фестивал во Охрид и Струга на кој учество ќе земат 150 играорци од шест фолклорни групи од иселеништво и тоа:

КУД „Македонка” од Виена, Австрија,  МКД „Св.Кирил и Методиј” од Крањ, Словенија,  МКД „Охридски бисери” од  Нова Горица, Словенија, Ансамбл „Сонце” од Крајова, Романија, МКД „Браќа Миладиновци „Осиек, Хрватска, и КУД „Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија.

Преку изведба на македонски традиционални песни и ора, македонските фолклорни друштва од иселеништво ќе покажат како ја чуваат и негуваат македонската култура и традиција во државите каде живеат и работат. Концертите ќе се одржат на 4 јули во Охрид и 5 јули во Струга.

За време на престојот играорците ќе имаат организирани екскурзии и работилници од областа на фолклорот.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!