Home » „Иселеничка ликовна колонија 2024″ отворена во Охрид

„Иселеничка ликовна колонија 2024″ отворена во Охрид

191 views

Во организација на Агенцијата за иселеништво започна „Иселеничката ликовна колонија 2024″ која оваа година ќе се одржи во Охрид. Колонијата беше отворена на 02.06.2024 година од страна на Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Слободан Близнаковски, кој ги поздрави присутните и им се заблагодари за учеството. 

Директорот Близнаковски во своето обраќање кон учесниците истакна дека оваа трета по ред Ликовна колонија за нашите ликовни уметници кои творат во иселеништво, веќе добива традиционален карактер поради големиот интерес.

На годинешната Ликовна колонија учествуваат: 1. Олгица Зафировиќ (Република Србија) 2. Алина Јакимовска (Република Словенија) 3. Владо Јаневски (Австралија) 4. Ена Налбантиќ (Босна и Херцеговина) 5. Тодор Јовановски (Република Србија) 6. Димче Величковски (Република Хрватска 7. Мирела Думитреску (Романија) 8. Марија Попеску (Романија) 9. Боре Митовски (Република Словенија). За време на колонијата, уметниците ќе имаат можност да се дружат и творат инспирирани од убавините на Охрид и Охридското езеро.

Директорот Близнаковски на сите учесници им додели Благодарници за нивното учество, им посака убав престој во татковината и успешна работа на Колонијата што ќе трае до 07 јуни.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!