Home » Хрватско-македонски мост на пријателството – МКД „Македонија“, Сплит

Хрватско-македонски мост на пријателството – МКД „Македонија“, Сплит

by Rebeka Spasova
59 views

„Хрватско македонски мост на пријателството“ е името на проектот што го организираше Македонското културно друштво Македонија од Сплит. Во текот на месец октомври беше распишан ликовен конкурс за сите ученици кои учат македонски јазик и култура во основните и средните училишта во Хрватска. Проектот имаше за цел учениците да го искористат и покажат својот талент преку цртање на цртежи на тема: „Како тие ја доживуваат поврзаноста помеѓу двете пријателски земји, Македонија и Хрватска“.

На 9 ноември, во Домот на ХВ – Лора“, во Сплит, беше отворена изложба на која беа изложени сите цртежи. Изложбата за посетители беше отворена до 13 ноември. Од градовите Сплит, Пула, Риека, Загреб и Осиек, учениците беа присутни на отворањето на изложбата, имаа работилница со своите учителки, а воедно времето го искористија и за дружење. За најдобрите цртежи беа доделени и награди – за прво, второ и трето место за основно и средно училиште.

Во текот на проектот, учениците имаа можност да се запознаат со убавините и културното богатство на градот Сплит.

Овој проект беше спој на идеја, визија и фантазија да се прикаже хрватската култура, а истовремено да се зачува нашето културно богатство и нашата мила Македонија да се претстави во најдобро светло.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!