54
Денес по претходна официјална најава директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари работна средба со г-дин Ецио Пинзан, раководител на Управа за земјоделство, шумарство, ловство, риболовство и водостопанство при Истарска Жупанија, г-дин Станислав Бришкоски, иселеник, бизнисмен од Ровињ и Отец Дејан Белчовски, свештеник при Македонската православна црковна општина во Р. Хрватска.
Отец Дејан Белчовски информира дека поради зголемениот број на Македонски иселеници во Истра е наметната потребата од изградба на сопствен црковен храм, која изградба ќе ја поддржи Истарската Жупанија но е потребна и поддршка од надлежните институции од Македонија. Претставникот од Истарската Жупанија г-дин Пинзан истакна дека Македонците во Истра се прифатени и ги уживаат еднаквите права како и сите други малцинства. Имаат соживот и се интегрирани и вклучени во економскиот и општествен живот на Р. Хрватска. Развојот на Македонската заедница во Истра е од големо значење и за развојот на самата Истарска Жупанија.
Г-дин Станислав Бришкоски го изрази своето задоволство од посетата на родниот крај Прилеп и Прилепско, како и од срдечниот прием на институциите кои ги примија за време на нивниот престој во Македонија. Имено, како Македонец кој е успешно интегриран и препознат од страна на Истарската Жупанија, г- дин Бришкоски е заинтересиран за статусот на Почесен конзул во Истра за Р. С. Македонија, со цел да помага и да се грижи за положбата на Македонците кои живеат во Истра, како и новодојдените до нивна целосна интеграција. Поддршката за Почесен конзул ја има од претседателот на Жупанијата г-дин Борис Милетиќ, од МПЦО во Хрватска и од другите надлежни институции. Покрај тоа што е сопственик на ресторан во Ровињ, г-дин Станислав Бришкоски е член на Националниот одбор за развој на туризмот на Р. Хрватска, како и претседател на Стопанска комора, сектор туризам на ниво на Истарска Жупанија.
Директорот Ангелов истакна дека ќе даде силна поддршка за поставените цели кои беа наведени на состанокот, особено кога сранува збор за изградба на нов црковен храм и избор за Почесен конзул кој достојно ќе ја претставува македонската заедница. Во знак на благодарност за прием од страна на Истарска Жупанија директорот Ангелов прими книга од природните убавини на Истра.




