Home » Средба на директорот на Агенцијата за иселеништво со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје

Средба на директорот на Агенцијата за иселеништво со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје

by Rebeka Spasova
59 views

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, во придружба на раководителот на секторот за културен развој на иселениците, Билјана Костова, оствари работна средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, проф. д-р Кристина Николовска, и со дел од составот на Советот на Меѓународниот семинар при УКИМ: проф. д-р Веселинка Лаброска (член на МАНУ), проф. д-р Наташа Аврамовска и проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

Директорот Ангелов се заблагодари за средбата и истакна дека во рамки на надлежноста за културниот развој на иселениците, Агенцијата за иселеништво своите проектни активности ги насочува кон зачувување на македонскиот јазик, особено кај помладата генерација. Едни од позначајните активности се Летната школа за македонски јазик во Охрид и Кампот за спорт и млади, на кои учениците преку дружење и настава, едукативни програми и спортски активности го учат и го усовршуваат мајчиниот јазик.

Исто така, Агенцијата за иселеништво ја помага и наставата на македонски јазик во целиот свет преку обезбедување на учебни помагала и постојана комуникација со наставниците. До минатата година се реализираа и поетските средби наменети за иселеници, литературни творци, кои преку пишаниот збор го негуваат и промовираат  македонскиот јазик во странство.

Директорот Ангелов упати покана за идна соработка во сите наведени програми како стручни лица, со надеж дека преку предавања и преку споделување на соодветна литература од институтите ќе помогнат на наставниците во иселеништво во нивната работа.

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, упати честитка за именувањето на директорот Ангелов на функцијата директор на Агенцијата за иселеништво и истакна дека МСМЈЛК при УКИМ, со задоволство ќе земе активно учество на Летната школа за македонски јазик во Охрид и ќе биде подготвена програма и стручно излагање за претстојната конференција која Агенцијата за иселеништво планира да ја реализира во летниот период, наменета за наставниците и литературните творци во странство.

Директорката Николовска упати покана  за учество на Агенцијата за иселеништво на претстојната 58. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ во Охрид во август, во делот каде што странските учесниците се македонисти со потекло од Македонија, а се активно вклучени во афирмација на македонистиката во светот. Николовска истакна дека е добро  македонистиката да се развива и со научна и културна дипломатија.

Проф. д-р Аврамовска истакна дека е од голема важност целата стручна литература, вклучително и Правописот, која е достапна во дигитална форма на страните на универзитетите и институтите, да биде достапна до иселениците преку споделување на линкови од страна на Агенцијата за иселеништво.

Проф. д-р Лаброска ги посочи разговорниците објавени на интернет во четири јазика како корисни за потребите на иселениците при учење на македонскиот јазик.

Предлогот на проф. Лорета Георгиевска-Јаковлева се однесуваше на збогатување на програмата на Летната школа со јазични, книжевни и културолошки работилници, со што ќе се одбележи и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!