Home » Салим Курто избран за претседател на мнозинската советничка група во општина Видор

Салим Курто избран за претседател на мнозинската советничка група во општина Видор

by Stanela S
39 views
Салим Курто, македонски државјанин по потекло од Скудриње кој живее и работи во Италија стана претседател на мнозинската советничка група што ќе ја води општината Видор. Победничката советничка група ја предводеше актуелниот Градоначалник на Видор Никола Зандо.
Салим е успешен и етаблиран геодет, вклучен во општествениот живот на Видор, Тревизо и пошироко. Вреден и позитивен човек, почитуван од сите.
Во општината Видор од вкупно 364 странци (податок од јануари 2025) македонската заедница е најбројна и брои 93 македонски државјани.
Видор и многу општини во Северна Италија каде што живеат и работат нашите државјани се повеќе го ценат и вреднуваат нивниот придонес во општеството и активно се вклучуваат во управувањето на општината. Интеграцијата и поддршката што ја овозможува Италија, дава можност и шанси многу наши државјани да видат дел од развојот и да бидат мостови за соработка и пријателство помеѓу општините и државите.
Честитки на Салим Курто за советничкиот мандат и успеси во работењето

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе