9
Се снимаа нови емисии од музичкото шоу „Имат Немат“!
Уште едно незаборавно снимање исполнето со прекрасна македонска песна, позитивна атмосфера и многу драги гости.
Овојпат специјални гости беа „Македонски Бисери“ од Волонгонг, Австралија, кои со својата љубов кон македонската традиција донесоа посебна емоција во емисијата.
Во улога на домаќини блесна групата Twins, а низ снимањето продефилираа и многу други музички имиња кои ќе бидат дел од новите изданија на шоуто.
Наскоро на програмата на Телевизија ИН и на YouTube каналот на „Имат Немат“.



