10
НОВАТА СЕЗОНА 2026/27 ЗАПОЧНУВА!
Со голема радост и уште поголема љубов кон македонската традиција, фолклор и нашето македонско коренче, ја започнуваме новата фолклорна сезона!
Пред нас е уште една година исполнета со игра, песна, дружење, нови кореографии, настапи и незаборавни моменти.
Посебна благодарност до сите родители, членови и пријатели кои со својата поддршка му помагаат на нашето друштво да расте и да продолжи да ја чува и пренесува македонската традиција на младите генерации.
Најголема благодарност до нашите деца и младинци – вие сте нашата иднина и најголемата мотивација!
Нека ни биде сезоната успешна, весела и исполнета со многу убави спомени!
Со срце за Македонија, со љубов кон фолклорот!
Благодарност до нашите прекрасни кореографи за нивниот труд, посветеност и љубов кон фолклорот. Ви посакувамe успешна нова сезона, многу убави моменти и уште многу заеднички успеси!
Со голема радост им честитаме на нашите нови кореографи на детската група, Мелани Ефтимова и Михаил Наумоски!
Им посакуваме многу успех, трпение, енергија и прекрасни моменти со нашите најмали. Нека новата сезона биде исполнета со многу игра, насмевки, убави настапи и успеси!
СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОБА НАСКОРО!
Сезона 2026/27 – почнуваме наскоро!