Home » На Ѓурѓовден започнува ново благословено поглавје за нашата заедница

На Ѓурѓовден започнува ново благословено поглавје за нашата заедница

by Stanela S
45 views
И З В Е С Т У В А Њ Е !!
Со голема радост ве известуваме дека денес, на овој голем ден-Ѓурѓовден по многу труд и молитви, го потпишавме договорот за купопродажба на црквата во Locarno Monti.
Веруваме дека не е случајно што токму на овој светол и благословен ден започнува едно ново поглавје за нашата заедница. Останува уште една формалност, одобрувањето од федерацијата-и со вера очекуваме наскоро и тоа да биде завршено.
Од срце ви благодариме на сите за поддршката, молитвите, љубовта и довербата. Без вас ова немаше да биде возможно.
Сега пред нас стои уште поголема одговорност: да продолжиме уште повеќе да служиме на нашата заедница, да ја чуваме нашата вера и заедно да го одржуваме и развиваме она што го создадовме. Со Божја помош, ќе продолжиме со уште повеќе сила, единство и вера.
Во наредниот период сите верници ќе бидат навремено информирани за следните чекори, како и за сите настани и активности што нè очекуваат.
Нека е честит и вечен Ѓурѓовден!
Бог да не благослови сите!!!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе