Крсте Петков Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист и е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период. Тој ни оставил национална програма како се сакаат и се почитуваат татковината и мајчиниот јазик. Афирмацијата на неговото дело и академски профил е потребна и денес, особено кога од некои соседи, за жал, сѐ уште се оспорува посебноста на македонскиот идентитет и јазик.
Oва беше истакнато вчера по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков со тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“, што се одржа на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
По повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, „Македонски пошти“ издадоа поштенска марка со номинална вредност од 36 денари и тираж од 6.000 примероци. Дизајнер на марката е Лоран Куфало.
Целиот текст прочитајте го овде: Мисирков ни оставил аманет за исконска љубов кон јазикот и татковината – Нова Македонија