Неколку моменти од вчерашниот настап на Arts and Cultural Ganesh Festival of South Australia – UIOSA.
Бевме исклучително горди што на една ваква прекрасна сцена ги претставивме музиката, песната и орото од Македонија, претставувајќи ја македонската заедница од Аделаида и Јужна Австралија на најголемиот Ganesh Festival во Јужна Австралија.
Нашиот настап вклучуваше песни и ора од Егејска Македонија. Секогаш е привилегија да ја споделуваме македонската култура со пошироката заедница во Јужна Австралија, а уште поубаво е кога ја гледаме публиката како ракоплеска во ритам и ја прифаќа нашата култура заедно со нас.
Уште еднаш голема благодарност до организаторите на Ganesh Festival за топлото добредојде.