Home » Е-Наука – нов национален портал за македонските истражувачи

Е-Наука – нов национален портал за македонските истражувачи

by Simona Stoleska
7 views
Денес го промовиравме новиот јавен портал e-nauka.mon.gov.mk кој претставува единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи од Македонија кои вршат научно истражувачка работа, но и за истражувачите со македонско потекло кои работат на странски универзитети. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати – Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што овозможува прикажување на индикатори, резултати, анализи, цитираност и h – индекс.
Е-наука отвора нови можности за секој истражувач.
Пред сè, го поедноставува нивното поврзување со индустријата. Преку напредни пребарувања, бизнисите сега можат да идентификуваат кој научник или истражувач се занимава со областа што им е од интерес, а тоа поттикнува нови партнерства, го претвора знаењето во економска вредност и ги забрзува иновациите.
И јавниот сектор, сите институции, агенции и фондови добиваат транспарентен преглед на нашиот национален истражувачки капацитет, можност за контакти и за носење одлуки засновани на научни докази.
Овој портал е достапен и за меѓународните универзитети, глобалните истражувачки конзорциуми и мултинационалните центри за истражување и развој, што создава шанси за повеќе заеднички апликации за грантови, коавторства на трудови со големо влијание и зајакнување на позицијата на нашите научници во глобални рамки.
Повикувам што повеќе истражувачи кои работат во Македонија или пак во странство, а се со македонско потекло, да пополнат апликација и да влезат во електронскиот регистар Е-Наука. Тој е транспарентна и сеопфатна алатка за откривање на нивната работа на домашна и меѓународна научна сцена, за вмрежување и нови резултати.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе