Во македонскиот Соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гетеборг, отслужена архиерејска света литургија со која чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен. Осветен и новоизградениот праклис, посветен на Покровот на Пресвета Богородица. Митрополитот Пимен упати апел до сите православни Македонци во Шведска за поголема поддршка и регистрација во црковната општина. Деталите ги има нашиот дописник – волонтер, Петар Точев.