94
Здраво драги членови.
Би сакала да им се обратам на македонските семејства од Дизелдорф, Метман, Нојс, од сите населени места во Дизедорф и неговата околина каде што живее македонско население.
Во Дизелдорф и Нојс се отвараат нови паралелки за изучување намакедонскиот јазикод 1 до 9 одделение. Добиените оценки по македонски јазик, влегуваат во краен успех во сведителствата. Наставата се одржува еднаш неделно, по 3 училишни часа. Сите родители кои сакаат нивното дете добро да го научи и да го зборува својот мајчин јазик, можат да ја искористат оваа можност што ја нуди градот Дизелдорф.
Нашиот претходен учител, Јане кој долго време ги учеше нашите деца и им всади љубов кон изучувањето на мајчиниот јазик, се пензионираше и ја предаде својата „Учителска палка“ на учителката Анита.
Од почетокот на новата учебна година, часовите по македонски јазик ги води учителката Анита, која ја поседува енергијата и магијата што ги поседуваше и учителот Јане.
Љубовта кон изучувањето на мајчиниот македонски јазик ја негуваат многу македонски семејствата, тоа го докажуваат со присуството на нивните деца во наставата
Во Германија постојано пристигнуваат македонски семејства и затоа би сакала да ги информираме сите за оваа можност и постоењето на МАКЕДОНСКОТО Училиште во Дизелдорф и од скоро време и паралелки во Нојс
СИТЕ оние кои сакаат и сеуште не ги пријавиле своите деца можат да ме контактираат преку порака или да се пријават на оваа објава, преку коментар.
Ви благодарам на вниманимето и ПОЗДРАВ од Дизелдорф