На 27. мај 2024 г. со почеток во 19.00 часот во салата Тоше Проески, во склоп на МПЦО „Св. Злата Мегленска„ во Загреб , настапија Дамијан Каранфилов – баритон, од оваа година член на хорот на Хрватското Народно Казалиште во Загреб, Марио Јанковиќ – тромбон, член на Симфонискиот оркестар на ХРТ и Томислав Маргета – учител по клавир и корепетитор во Основното музичко училиште „Иван Зајц” во Загреб.
Месецот мај е важен за Македонија и Македонците и некако ги обединува активностите на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, кои почиваат на зачувувањето и афирмацијата на националниот идентитет, културата, јазикот, верата и традицијата.
Така по повод 24 мај Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и неодамнешните светски денови посветени на театарот, танцот и балетот Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, во соработка со музичарите организираше концерт насловен како „Вечер на пријателство„.
Notice: Undefined index: penci_img_type in /home/minisel/public_html/wp-content/themes/soledad/inc/elementor/modules/penci-image-gallery/widgets/penci-image-gallery.php on line 333
Со лирските мелодии за глас, тромбон и клавир, со своите извонредни таленти, музички сензибилитет и знаење нашите музичари ги изразија своите чувства и цврстината и довербата кои го отсликуваат хрватско-македонското пријателство и соработка.
Дамијан Каранфилов – баритон по завршувањето на студиите на Универзитетот во Скопје и магистратура на Универзитетот на Флорида, настапувал како солист со Македонската филхармонија и со оркестарот на Македонската опера и балет. Од неодамна Дамијан Каранфилов е член на хорот на Хрватското Народно Казалиште во Загреб.
Марио Јанковиќ – тромбонист исто така е македонски музичар. Дипломирал на Музичката академија во Загреб, а свирењето на тромбон го усовршувал кај еминентни професори. Учествувал на бројни концерти, има безброј настапи и добитник е на значајни награди. Бил стипендист на Загрепската филхармонија, а сега е член на Симфонискиот оркестар на Хрватската Радио Телевизија.
Томислав Маргета е учител по клавир и корепетитор во Основното музичко училиште „Иван Зајц” во Загреб. Дипломирал на Музичката академија во Загреб, постдипломски студии завршил во Љубљана и дополнително се школувал кај угледни мајстори на музичката уметност.
Notice: Undefined index: penci_img_type in /home/minisel/public_html/wp-content/themes/soledad/inc/elementor/modules/penci-image-gallery/widgets/penci-image-gallery.php on line 333