– 3 тиквички со средна големина
– 1 пакување крем-сирење
– 500 гр. урда
– малку спанаќ
– 500 мл. сос од домати
– зачински билки
– сол
Тиквичките измијте ги, отстранете им ги краевите и исечкајте ги на тенки ленти.
Посолете ги и наредете по 4 до 5 ленти една врз друга, така што ќе се преклопуваат. Премачкајте ги со крем-сирење и одозгора додајте ја урдата, неколку листови спанаќ и зачински билки по желба. Потоа замотајте ги во мал ролат.
Постапката повторувајте ја сè додека имате тиквички и крем-сирење. Во подлабок сад за печење ставете го сосот од домати и во него спуштете ги ролните.
Печете во загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Можете да ги јадете самостојно или како прилог со некое месо.