На покана од страна на амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Словенија, Н.Е. Горан Милевски, директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски присуствуваше на свечениот прием по повод 30 годишнината од отвoрањето на првата македонска амбасада во Република Словенија и 32 години од независноста.
Свечениот прием се одржа во просториите на Националната галерија во Љубљана со почеток во 18:30 минути. Покрај поздравните говори, програмата беше збогатена и со музички изведби.
Во присуство на владини претставници од двете држави, амбасадори, бизнисмени, претставници на верски заедници, македонски иселеници и претставници од иселенички организации, се прослави овој значаен јубилеј.
Директорот Близнаковски имаше можност да оствари кратки средби и разговори со иселениците кои живеат и работат во РепубликаСловенија.