Home » „Ноќ во село“ – настап на КУД „Македонка“ од Торонто

„Ноќ во село“ – настап на КУД „Македонка“ од Торонто

57 views
Годишен концерт на Фолклорниот Ансамбл „Македонка“
Под наслов „Ноќ во село“ фолклорниот ансамбл „Македонка“ од црквата „Св.Климент Охридски“ од Торонто одржа целовечерен концерт со кој ја заврши оваа сезона. Неколкуте групи на „Македонка“ предводени од кореографите Викторија Велјанов и Питер Зискос низ игри, песни и драмски моменти прикажаа селска ноќ која кај многумина од повозрасните беше носталгично враќање на минатите времиња, додека пак за помладите излет во една магична авантура.
Кореографите, заедно со повеќемината учители на „Македонка“ со висока доза на професионализам ја доловија македонската фолклорна традиција и чувството дека таа силна врска со генот, родот, изворот е сеприсутна кај секого од посетителите во салата.
Оваа вечер не ќе беше комплетна и без поддршката од страна на црквата „Св. Климент Охридски“, Фино Фудс, Канадиана Флауерс и други доброчинители. Програмата беше збогатена со настапот на учениците од неделното училиште под водство на учителката Снежана Тешовиќ. Во забавниот дел гостите ги забавуваше музичката група „Децата од Буф“.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!