46
Одбележување на Денот на македонскиот јазик
Петок 05.05.2023. од 18.30 -19.30
МКД „Илинден“ – Риека, ја има честа да Ве повика на Одбележување на Денот на македонскиот јазик – 05.05.2023 година во своите простории на адреса Матачиќева 5, Риека.
Денот на македонскиот јазик се празнува на 5 мај во Македонија . Истиот е прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
5 мај е прогласен за „ Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.
Во програмата ќе учествуваат ученици од основното училиште „Центар“ и од „Првата сушачка хрватска гимназија“, кои учат македонски јазик по Моделот Ц и нивните професорки Билјана Стојановска и Наталија Лековска. Со пригодно одбележување на јубилејот 100 години од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов. Проза и поезија на македонски јазик и писмо ќе читаат и членови на МКД Илинден.
Овој Програм е реализиран со средствата на државниот буџет на Република Хрватска , со посредство на Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска , со средства на Приморско -Горанска жупанија како и со помош на Град Ријека, Совет на МНМ за Град Ријека, Совет на МНМ за ПГЖ и несебично залагање на сите поединци во реализацијата на овој програм , на што најтопло им заблагодаруваме.
https://www.facebook.com/mkdilinden/posts/pfbid02B5dsvTXBBnhAfgkBobgaZ1EKNn9Xtf1bjwjgcb7emfS7HMzMfnHP8FAQz5wHSksQl