Home Иселенички СтраниАвстралија МИСТЕРИЈА КОЈА НИКОГО НЕМА ДА ГО ОСТАВИ РАМНОДУШЕН! ОБЈАВЕН КРАТКОМЕТРАЖНИОТ ИГРАН ФИЛМ „ЈАНА“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

МИСТЕРИЈА КОЈА НИКОГО НЕМА ДА ГО ОСТАВИ РАМНОДУШЕН! ОБЈАВЕН КРАТКОМЕТРАЖНИОТ ИГРАН ФИЛМ „ЈАНА“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

175 views

Неодамна (по претходната премиера во Штип и претставувањето на ТВ) на каналот Youtube  е поставен краткометражниот триесетминутен игран филм „ЈАНА“ според сценарио и монтажа на Александар Донски, а  во режија на Трајан Ристовски и Александар Донски. Филмот по жанр е мистерија, но изобилува со емоции и носталгија по младоста и рок музиката во далечните 1970-ти години. Главен лик во филмот е иселеник од Штип кој за прв пат се враќа во родниот град по четири и пол децении, но не може ни да сонува каков мистериозен настан таму ќе му се случи. Филмот веќе предизвикува голем интерес во јавноста и поради тоа што претставува потсетување и на легендарната македонска рок група „ТРИАНГЛ“ од Скопје и нивниот голем хит „Јана“ од 1975 година, чија музика доминира во филмот. Потсетуваме дека гитаристот на „Триангл“ Борче Стоевски загина во сообраќајна несреќа во 1977 година, а басистот Кокан Пандиловски беше почесен гости на премиерата на филмот во Штип. Филмот е снимен на локации во Јапонија и во Штип и е во  продукција на: Фото-кино клубот „Ванчо Прќе“ од Штип. Продуцент на филмот  е Славе Ивановски во сеќавање и чест на својот син Ангел Ивановски (1983 – 2022). Во филмот настапуваат професионалните глумци: Страшко Милошевски, Ава Хусеини и Рујиш Беговска, како и Александар Донски.

Во филмот учествуваат и: Јасминка Соколовска, Загорка Донска, Марија Причкова Митева и Ленче Филипова. Камерата е на Трајан Ристовски и Загорка Донска, додека за тонската обработка беше задолжен Филип Стевановски и неговата FIS Production. Фотографиите се на Маја Рамона Крстевска, Биљана Кошарска, Коце Митрев и Фото-кино колуб „Ванчо Прќе“.

ФИЛМОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА:

https://www.youtube.com/watch?v=rQJMumKqMh0

Или ако го побарате каналот Aleksandar Donski  на Youtube и го впишете името на филмот JANA. Филмот е титлуван и на англиски.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!