57
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СВ. ИЛИЈА ОД МИСИСАГА НА 9-ТИ ФЕВРУАРИ 2023 ГОДИНА ДОНИРАШЕ ВКУПНО 10.000 КАНАДСКИ ДОЛАРИ НА ДВЕ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ СЕ ЧЛЕНОВИ НА ДОБРОТВОРНАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ОД ГРАДОТ МИСИСАГА – MCGA
На овој чин присуствуваа претседателот на Македонската православна црква Св. Илија од Мисисага Ацо Крстевски, благајничката Виолета Васовиќ, претседателката на женската секција и член на управата Весна Трајковска, Славе Трајковски епархиски пратеник, член на црковниот управен одбор и на управата на црквата св. Илија и сопругата на г-ин Ацо Крстевски, Елизабета Христовска Крстевска, секретар на женската секција. Тие имаа средба со челните луѓе на Добротворната Асоцијација за игри на среќа од градот Мисисага. Во таа пригода црковната група од Св. Илија врачи два чека во износ од по 5, 000 канадски долари за помош на Bridge Way Family Centre и Armagh House.
Видно расположени и претставниците на св. Илија и домаќините , како и претставниците на здруженијата кои што ги добија неопходните парични средства изразија задоволство од започнувањето на една подлабока соработка што секако ќе значи многу и за работата на црквата Св. Илија од Мисисага како важен сегмент во нејзиниот понатамошен раст, развој и опстанок. Координаторката на добротворната асоцијација за игри на среќа од градот Мисиссага Максин Дусет за весникот ,,Македонија,, изјави:
Една од нашите групи Св. Илија македонската православна црква, е доказ зошто го правиме тоа што го правиме, враќајќи и’ на заедницата. Оваа многу силна група се грижи за заедницата во Мисисага и навистина прави разлика.
Оваа вечер, нивната група презентираше два чекови од вкупно 10.000,00 долари на два други членови на нашето здружение – 5.000,00 долари за куќата Армаг,како безбедно место за жените и децата кои се обидуваат да ги обноват своите животи и на семејниот центар Bridge Way кој нуди одлични услуги во нашата заедница, и со тоа ќе се помогне во купувањето на храна за млади мајки/бремени мајки итн.
Многу сме среќни во нашето здружение што нашите групи не се грижат само за нашата заедница, туку и едни за други.
Неодамна бев присутна во вашата чудесна црква кадешто бев повеќе од добредојдена и верувам дека црквата Свети Илија ќе стане уште поголем придонесувач во заедницата.
Македонската православна црква Свети Илија и нејзините членови треба да се многу горди, тие сакаат да работат со Рама Гејминг Мисисага за да започнат повеќе програми и услуги за заедницата и многу ми е мило што ме прашаа да им помогнеме да ги водат. Членовите на оваа парохија треба да бидат горди на она што го постигнале и она што се обидуваат да го направат. Приходите генерирани во Рама гејминг куќа во Мисисага се совршен начин и сите сакаме да им се заблагодариме на Пол Микучи, неговата сопруга Шар, персоналот во Рама куќата за игри на среќа Мисисага и на сите покровители.
Интервјуто во целост ќе можете да го прочитате во февруарскиот број на весникот ,,Македонија,,.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0gDWcXT5tNUcmSNFUdWkJwc1tqUsQUUjHisfwhgETJAzB39G695oj2ycmsqTEn5oZl&id=100008164507532