И оваа година, македонските ученички – информатичарки се повторно тие коишто најавуваат успешно учество на меѓународните олимпијади по информатика за Македонија. На четвртата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21-ви до 27-ми јули се одржува во Велдховен, Холандија, ученичките постигнаа нов голем успех, освојувајќи два бронзени медали.
Бронзените медали за Македонија на ова престижно интернационално натпреварување ги освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и останатите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Тимот е предводен од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Прочитајте повеќе на следниот линк.