Во предвечерието на празникот Св. Јован Лествичник директорот на Агенцијата за иселеништво присуствуваше на службата во МПЦ Богојавление во Копер.
На средбата со раководството од Црковниот одбор, раководството на МКД „Кочо Рацин“ и верниците, Директорот во своето обраќање ја поздрави организираноста и сплотеноста на Македонците во Копер кои се во сѐ поголем број, нивната интегрираност и стекнатата доверба кај градските и државни власти како вреден и мирољубив народ.
По информирањето за надлежностите на Агенцијата, иселениците имаа можност да постават прашања и да ги истакнат проблемите со кои се среќаваат.
https://www.facebook.com/iselenistvo