Home » Јавен повик за волонтери-дописници од иселеништвото – „МК Конект“

Јавен повик за волонтери-дописници од иселеништвото – „МК Конект“

by Simona Stoleska
19 views

JАВЕН ПОВИК за пријавување на волонтери-дописници од иселеништво
Агенцијата за иселеништво, во соработка со Македонската Радиотелевизија (МРТ), а врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, објавува јавен повик за ангажирање на мотивирани волонтери од иселеништво.
Целта на овој заеднички проект е креирање на нова платформа за создавање „ресус – центар на волонтери потенцијални дописници на МРТ“
Оваа платформа има за цел да создаде информативна мрежа за редовно известување за активностите, успесите, културниот и општествениот живот на Македонците кои живеат надвор од границите на матичната земја, а на самата веб страница на Агенцијата за иселеништво ќе биде посебно обележана како „МК Конект“.
Волонтерите ќе имаат можност да подготвуваат и испраќаат вести, репортажи и интервјуа за значајни настани во нивните локални заедници, кои потоа ќе бидат емитувани и објавувани на програмите на МРТ и медиумските платформи на Агенцијата за иселеништво.
Во оваа фаза заинтересираните да испратат контак информации на info@minisel.gov.mk


Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе