35
МПЦО „Св. Апостоли Петар и Павле“ Нова Горица
19 април 2026 година, на Томина Недела, во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Нова Горица се отслужи Света Архиерејска Литургија, во молитвено присуство на бројни верници кои со радост учествуваа во евхаристиското собрание, сведочејќи ја вистината на Христовото Воскресение.
Со Литургијата чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен, во сослужение на отец Митко, отец Орце и отец Дејан. Во текот на богослужбата, митрополитот благоволи да го произведе во повисок црковен чин – протопрезвитер, отец Дејан Миловски, парохиски свештеник при МПЦО „Богојавление“ Водици од Копер, како признание за неговата ревносна пастирска служба. По завршувањето на Светата Литургија беше извршено и осветување на новиот иконостас во храмот, со што се збогати литургискиот и духовниот живот на заедницата.
Празничната радост продолжи во духот на христијанската љубов и заедништво, со заедничка трпеза, на која верниците имаа можност да ја споделат радоста од овој значаен ден.



