41
Христос воскресна
Благословена и длабоко посебна саботна вечер
Оваа саботна вечер, во пресрет на Велигден – вечерта што го симболизира полагањето на Христос во гробот, беше навистина прекрасна и незаборавна.
Со толку многу луѓе – млади и повозрасни – црквата беше исполнета како никогаш досега.
Ваква посетеност на нашите богослужби досега не сме виделе, и тоа е силен знак за нашата заедница.
Оваа света вечер не беше само богослужба,
туку длабоко духовно доживување –
сведоштво за жива вера, заедништво и љубов.
Покажа дека нашата заедница е силна,
дека нашите вредности живеат и дека имаме потреба
да продолжиме да имаме свое место, каде што ќе ја чуваме
и пренесуваме нашата вера и традиција.
Сето ова ни дава уште поголема сила
да продолжиме да работиме и да градиме за иднината.
Уште неколку фотографии и видео од оваа посебна вечер!
Ве очекуваме сите на заедничкиот неделен ручек.