Home » Меѓународна турнеја и голем фестивал во Линц

Меѓународна турнеја и голем фестивал во Линц

by Stanela S
41 views
Сакаме да ве известиме дека од овој викенд па сe до средината на јули нe очекуваат бројни настапи низ повеќе држави, каде гордо ќе ја претставуваме нашата култура и традиција 🇲🇰.Имаме настапи во повеќе различни држави Словенија, Хрватска, Италија, Швајцарија и Австрија.
Нашите три групи се подготвени и конечно доаѓа периодот кога ќе можат да го покажат сето она на што макотрпно работеа. Со многу труд, посветеност и заедничка работа со нашиот кореограф, подготвени сме да започнеме со настапите.
Со особена чест и големо задоволство го најавуваме и нашиот концерт на 30.05.2026 година во Rathaus 4041 Linz Hauptstraße 1-5, каде ќе бидеме домаќини на прекрасен фестивал со гости од 5 различни држави, повеќе од 250 играорци и 11 различни групи. Ве очекуваме!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе