16
Во срцето на Норвешка, македонската дијаспора го прослави празникот Света Петка. Во свечената атмосфера на црковниот објект кој инаку им припаѓа на протестантските цркви во Норвешка, се собраа голем број верници со една заедничка желба: да се обезбеди сопствен црковен објект – духовен дом за собир, меѓусебно поврзување и зачувување на македонската православна вера и традиција. Од Осло известува Славица Савеска.