61
За првпат, од кога е формирано нашето македонско фолклорно школо, на 16 Мај оваа година добивме покана од Питерборо да настапуваме на нивниот фолклорен фестивал, која со големо задоволство ја прифативме.
Со радост сакаме да споделиме слики и видеа од нашите деца, кој со љубов, страст и гордост играат и ја претставуваат нашата македонска традиција во Англија.
Упатуваме голема благодарност до организаторите на оваа прекрасна манифестација и се надеваме дека ова ќе прерасне во долгогодишна традиција.



