Home » Македонски вкус и традиција на Frühstück & Brunch Fest во Grödig

Македонски вкус и традиција на Frühstück & Brunch Fest во Grödig

by Stanela S
48 views
Драги Македонци од Салцбург, ве покануваме на Frühstück & Brunch Fest во организација на Gemeinde Grödig, каде што нашата фолклорна група ќе биде дел од ова прекрасно дружење со свој штанд! 🇲🇰
Ќе имате можност да уживате во традиционални македонски специјалитети, подготвени со многу љубов од вредните раце на жените од КУД „Македониум“. Заедно ќе ја споделиме убавината на нашата култура пред сите гости на фестот.
19 април
 09:00 – 14:00 часот
Доколку времето биде топло, настанот ќе се одржи во дворот на Gemeinde Grödig, а при лошо време во салата на општината.
Сите собрани средства од продадената храна ќе бидат наменети за потребите на нашата фолклорна група.
Ве очекуваме да се дружиме, да се веселиме заедно и да уживаме во вкусна македонска храна!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе