Home » Македонската традиција живее во Нинберг со песна, оро и заедништво

Македонската традиција живее во Нинберг со песна, оро и заедништво

by Stanela S
56 views
И овој ден со гордост покажавме дека македонската заедница во Нинберг живее и дише со љубов кон својата татковина. Иако сме далеку од Македонија, срцето секогаш нè води кон нашите корени, традиција и култура.
Од најмалите членови на фолклорната група, па сè до повозрасните, сите со огромна чест ги носеа македонските народни носии и со многу љубов, енергија и македонско срце го играа нашето оро. Преку песната, играта и насмевките уште еднаш ја пренесовме убавината на македонската традиција.
Искрена благодарност до организаторите што ни дадоа можност да бидеме дел од овој прекрасен настан и да претставиме дел од македонската култура пред сите присутни.
Но, фолклорот не е само игра и песна – тој е дружба, заедништво и љубов. Нашите деца уште од најмали создаваат нови пријателства, растат заедно и учат да ја сакаат својата традиција. Истовремено, и возрасните се поврзуваат, се зближуваат и создаваат едно големо македонско семејство далеку од дома.
Токму затоа вреди да се биде дел од ваква фолклорна дружба – место каде што со позитивна енергија, почит и радост ја чуваме и пренесуваме македонската традиција на новите генерации.
Вратите се отворени за сите – од најмладите до највозрасните. Повелете да се дружиме, да играме, да пееме и заедно да ја зајакнуваме македонската заедница тука во Нинберг.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе