Home » Македонката Ленче Доневска гордост на заедницата во Австралија

Македонката Ленче Доневска гордост на заедницата во Австралија

by Stanela S
59 views
Македонката Ленче (Лин) Доневска од Сиднеј ќе ја претставува Австралија на Светското првенство во бенч-прес, кое од 22 мај до 1 јуни ќе се одржи во Тексас, САД.
Родена во Битола, Доневска зад себе има бројни меѓународни успеси, а во 2019 година го освои второто место на Светското првенство во бенч-прес за жени. Таа има настапувано и на светски натпревари во бразилско џиу-џицу, кревање тегови и олимписки квалификации во борење.
Со својата упорност и успеси, Ленче Доневска е гордост за македонската заедница во Австралија и инспирација за младите генерации.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе