29
Со голема чест присуствувавме на свечениот прием „Nordrhein-Westfalen trifft Westbalkan“ како и на извонредниот концерт на Државната филхармонија на Македонија во Beethovenhalle во Бон.
Настанот претставуваше одлична можност за средба, размена на идеи и зацврстување на културните и пријателските врски помеѓу Македонија и покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Горди сме што како Македонски културен клуб „11 Октомври“ Солинген бевме дел од оваа значајна вечер исполнета со врвна музика, култура и заедништво.




