Home » Искрена благодарност за донираните народни носии

Искрена благодарност за донираните народни носии

by Stanela S
55 views
Од името на Македонската фолклорна Група и сите наши играорци, сакаме искрено да им се заблагодариме на сите кои донираа народни носии за нашето друштво. Со вашата поддршка им овозможивте на новите членови да добијат носии и гордо да настапуваат, претставувајќи ја нашата традиција.
Посебна благодарност до госпоѓата Цветанка Малиноска, која со години грижливо ги чувала овие оригинални македонски носии и несебично ги донираше кај нас. Благодарение на неа, носиите повторно ќе заиграат на сцена и ќе донесат радост кај новите генерации играорци. 🇲🇰
Воедно упатуваме апел до сите кои имаат народни носии што не се користат – доколку сакате, можете да ги донирате во нашето друштво. Нашата фолклорна група постојано расте, а со тоа расте и потребата за носии.
Заедно да ја чуваме и продолжиме нашата традиција.
Ваша
Македонска Фолклорна Група Нирнберг

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе