Тридесет и четиригодишниот Александар Марков, кој повеќе од една деценија живее во Минхен, неодамна купил стара куќа во скопското село Кучково.
Куќата ја платил само 10.000 евра, но во неа вложил уште 20.000, претворајќи ја во модерно сместување со стара душа.
„Кога ќе дојдев летно време, ме гушеше градот. Сакав простор, воздух и спомени од детството. Сега кога ја реновирав куќата, не само што имам каде да се одморам, туку веќе имам и резервации од странски туристи што бараат автентично искуство“, вели Александар.
Овој бран на вложување во рурални имоти не е случаен. Со поскапувањето на недвижностите во урбаните зони и нереалните цени на становите, многумина решаваат да инвестираат во нешто што не само што е поевтино, туку и поромантично и одржливо.
Повеќе за ова прочитајте на линкот: Инвестиции во рурални куќи – нов тренд меѓу урбаните печалбари