56
Со неизмерна гордост, Македонскиот фолклорен ансамбл Илинден oд Mississauga, Kanada повторно испиша историја! Втора година по ред, Илинден е интернационален победник, но овој пат на највеличествен начин со освоено ГРАНД ПРИ на натпреварот во „Wawelskie Skarby“ во Краков, Полска!
Ова не е само победа. Ова е триумф. Вистински одраз на страста, дисциплината и љубовта кон традицијата што нашите деца ја носат на сцената со секој чекор.
Како круна на ова незаборавно патување, групата беше специјално поканета од градоначалникот на Краков и организаторката на фестивалот, Викторија Михајлова, да настапи на едно од најпрестижните и историски места Wawel Royal Castle. Таму, пред воодушевена публика, нашите шампиони уште еднаш го потврдија својот статус апсолутни победници!
Ова беше вечер исполнета со емоции, гордост и спектакуларен, незаборавен настап. Настап што остави без здив. Момент што ќе се памети.
Илинден не само што победува Илинден доминира. Илинден инспирира. Илинден го носи македонскиот дух на светската сцена.
Честитки до сите наши играорци, кореографи и целиот тим за овој извонреден успех! Благодарност до сите родители за вашата поддршка ова е заеднички успех!



