Home » Изложба на личните работи на Тоше Проески во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб

Изложба на личните работи на Тоше Проески во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб

by Rebeka Spasova
31 views

„Најверните фанови на Тоше од моментот на неговата несреќа до ден-денес барем еднаш годишно го посетуваат Крушево. Сите овие години неговото отсуство нѐ поврзуваше на начин кој само неговите фанови го препознаваат. Километрите, временските услови, економските и други пречки не можеа да ги спречат овие луѓе, верни Тошеви следбеници, да дојдат во Крушево, да го посетат неговиот спомен дом, неговото вечно почивалиште, неговиот манастир, да чекорат по улиците по кои тој одеше… Затоа сметаме дека сега е вистинско време и ние како Спомен куќа да ги почестиме со наше и негово присуство во Загреб, во Културно-информативниот центар. Наша цел е да претставиме дел од нашиот музејски материјал пред неговите фанови, неговата облека која ја носеше на снимањето на спотот „Волим осмех твој“, концерните аутфити од Риека и Задар, како и негови лични награди и признанија кои ги доби од хрватската публика и со тоа на достоен начин да се оддолжиме и да го одбележиме ова пријателство со хрватските фанови кое сѐ уште трае. Настанот ќе го збогатиме со мини концертна изведба на нумерите кои го вивнаа Тоше на хрватската музичка сцена од младите и надежни македонски солисти и инструменталисти од Националната опера и балет, Билјана Јосифов, Влатко Груески и Андреј Наунов. Нивна задача е да ја интерпретираат музиката со која Тоше ја купи хрватската публика и остана во нивните срца“, велат од Спомен куќата на Тоше Проески.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!