47
ЕПАРХИСКО СОБРАНИЕ ‘26
Европска Епархија на МПЦ-ОА
Триер, Германија
08 – 10 мај 2026
Возљубени во Христа,
Драги браќа и сестри,
Со радост ве известуваме дека од 8 до 10 мај 2026 година, во Македонската Православна Црковна Општина „Свети Апостол Павле“ во Триер, Германија, ќе се одржи 25-тото редовно годишно Епархиско собрание на Европската Епархија.
Срдечно ве покануваме да и Вие бидете дел од св. Богослужби:
– Сабота, 9-ти мај почеток во 09:00 ч.
Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен, заедно со свештенството од Европската Епархија.
Адреса каде ќе биде богослужбата: Nordallee 1, 54292 Trier
– Недела, 10-ти мај почеток во 09:00 ч.
Света Божествена Литургија – сослужуваат повеќе свештеници од Европската Епархија
Адреса каде ќе биде богослужбата: Maximinstraße 18b, 54292 Trier
Да се собереме во заедничка молитва и духовно заедништво!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!