Home » Во Врање се одржа Меѓународната манифестација „Гоцеви денови-2025“

Во Врање се одржа Меѓународната манифестација „Гоцеви денови-2025“

by Rebeka Spasova
21 views

Свечено затворање на манифестацијата  ,,Гоцеви денови” која по 16 пат се одржа во Врање, во организација на здружението  ,,Гоце Делчев” Пчињски округ -Врање на 04.05.2025.год.и под покровителство на Македонскиот национален совет. Доделени се златни плакети, благодарници и дипломи на учениците кои учествуваа на конкурсот, распишан на 4 февруари, со цртежи, песни, состави и видео материјали инспирирани од ликот и делото на македонскиот славен херој, како и на нивните ментори/наставници од основните и средни училишта од Србија и Македонија.

– Го чуваме, почитуваме и промовираме ликот и делото на нашиот најголем револуционер Гоце Делчев. На тој начин, не ја чуваме само нашата историја и традиција, туку и нашиот национален идентитет со сите негови елементи и обезбедуваме иднина на овие простори.

Неговите цитати засекогаш останаа како наш потсетник :

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“

Учество во меѓународната манифестација ,,Гоцеви денови, ,- 2025 земаа ученици од :

Р.Србија :

1.ОШ. „Гоце Делчев“ – Јабука

2.ОШ. „Вук Караџиќ“ – Врање

3.ОШ. „Предраг Девеџиќ“ – В.Бања

4.ОШ. „Јован Јовановиќ Змај“- Врање

Македонија :

1.ООУ „Лирија“ -Тетово

2.ООУ „11.Октомври“ – Скопје

3.ООУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје

4.ООУ „Даме Груев“ – Св.Николе

5.ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

6.ООУ  „Кирил Пејкиновиќ“ – Скопје

7.ООУ „Љубен Лапе“ – Скопје

8.СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје

9.Општинска установа Матична библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево

Голема благодарност до сите учесници ,ментори се гледаме на идната манифестација.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе