Home » Бриселската МПЦО на Годишното Епархиско собрание 2026

Бриселската МПЦО на Годишното Епархиско собрание 2026

by Stanela S
35 views
  МПЦО „Св. Пророк Илија и Архангел Михаил“ – Брисел на Годишното собрание на Европската Епархија 2026
На 9 и 10 мај во Трир, Германија, претставниците на Црковниот одбор на МПЦО „Св. Пророк Илија и Архангел Михаил“ – Брисел учествуваа на Годишното Епархиско собрание на Европската Епархија, претставувајќи ги интересите и потребите на нашата црковна општина.
На собранието беa разменети непроценливи искуства помеѓу претставниците на 45-те македонски црковни општини низ Европа, со заедничка цел — унапредување на активностите, зајакнување на заедништвото и уште подобро поврзување и служење на Македонците во дијаспората во Европа.
Особена чест и благослов за нас беше средбата со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен, чијашто поддршка за понатамошниот развој и унапредување на активностите на нашата црковна општина во претстојниот период, се од огромно значење и поттик.
Во рамки на настанот беше остварена и средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов, како продолжение на континуираната соработка и поддршка на активностите на здружението Македониум од Брисел, особено на работилниците за изучување и негување на македонскиот јазик.
Како Црковен одбор, продолжуваме со уште поголема мотивација и посветеност кон нашата мисија — зајакнување на нашата црковна општина, негување на православната вера и зачувување на македонската традиција, култура и јазик меѓу Македонците во Белгија.
Се надеваме дека во блиска иднина Брисел – како срцето на Европа, ќе има чест да биде домаќин на Епархиското собрание. До тогаш, остануваме посветени на нашата заедница и благодарни за поддршката и довербата од сите наши поддржувачи.
Црковната општина функционира во рамките на македонското здружение „Македониум“ од Брисел, имајќи го предвид фактот дека согласно важечката локална законска регулатива, регистрацијата на религиозна организација е овозможена единствено со претходно одобрение на Цариграската патријаршија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе