Home » Официјална средба со директорот на Националниот парк „Маврово“

Официјална средба со директорот на Националниот парк „Маврово“

by Simona Stoleska
8 views
Денес, членови на Сојузот на македонските здруженија во Италија, заедно со секретарот на Сојузот, Руже Османи, остварија официјална средба со директорот на Националниот парк Маврово, Харис Ибраими.
На средбата разговаравме за можностите за соработка со македонската дијаспора во Италија, со посебен акцент на промоцијата и зачувувањето на природните убавини на Македонија, како и на идни заеднички иницијативи и проекти.
Нашиот тим го запозна директорот со активностите, проектите и целите на Сојузот на македонските здруженија во Италија, како и со нашата заложба за поврзување на македонската дијаспора со институциите во нашата татковина.
Една од нашите главни цели е да изградиме силна и континуирана соработка со локалните и националните институции, како во Италија, така и во Македонија, секогаш во интерес на нашите сограѓани и македонската заедница во Италија.
Му благодариме на директорот Харис Ибраими за гостопримството, отворениот разговор и одвоеното време.
За нас беше чест да ја претставиме нашата работа, нашите цели и визијата на македонската заедница во Италија.
Заедно сме посилни – обединети за нашата заедница и за Македонија!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе