7
Состанок во Министерството за деца и семејство во Осло
За време на службениот престој во Норвешка, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов присуствуваше на состанокот кој се одржа во Министерството за деца и семејство, со директорката Торкел Нибак Квал(Torkell Nibakk Kvall) и советникот Оистаин Хауге(Øystein Hauge).
На состанокот кој беше организиран од страна на Македонското православно здружение „Преподобна Параскева Света Петка“ – Осло, присуствуваа: Александар Николовски, претставник од здружението, Неговото Високопреосвештенство, Владиката Пимен, Протојереј Ставрофор Блажо Кожарски, од МПЦО Св.Наум Охридски во Малме и претставничката на македонската амбасада во Норвешка, г-ѓа Лејлан Абдула.


