43
По повод 6 годишнината од основањето, Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан на 11 февруари 2023 ќе одржи јубилејна прослава.
Оваа година, главен акцент се става на стихозбирката „Позајмениот куфер“ на Наум Трајчески и романот „Вистината има голо лице“ на Велика Џангаловска Гатсис.
Во разговорот со претседателот Наум Трајчески за СБС на македонски слушнете за историјата на друштвото, за важноста на зачувување на македонскиот јазик и писмо како и за маките и носталгијата на доселеникот силно изразени во стихови прочитани од г-дин Трајчески.
https://www.sbs.com.au/language/macedonian/mk/podcast-episode/the-macedonian-literary-society-vancho-nikoleski-from-queanbeyan-is-celebrating-its-sixth-birthday/nqhfrzxqf?fbclid=IwAR29t63kemulIL2z7PJ4fZlkDGoESNBYnKm7S7nSeuZCehUx3Zh8oOnLfpM