Денес, 20 јули (сабота) во MC Gallery во Њујорк, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ насловена „Огледалото”.
Проектот „Огледалото/ Мirror” користи дела – цртежи изработени врз страници од дневни весници кои Јовановиќ ги користи како подлога за цртање и на кои интервенира со цртежи и пораки, притоа менувајќи го нивниот контекст со што се обидува да создаде слоеви на други значења и поинаква реалност од онаа што ја прикажуваат или сакаат да ја прикажат. Тој овие цртежи ги комбинира со цртани и колажирани објекти со селектирани приказни од различни страни од светот за користењето на лажните вести како и примери од уметнички проекти каде лажните вести се користат како уметничка стратегија.
Прочитајте повеќе на следниот линк.