60
Во сабота на 17ти јуни во Виена фолклорното друштво Македонка имаше чест да настапи на познатиот Фестивал на Нациите под организација на “Austrian International Cultural Association”, заедно со друштва од Европа, Азија и Јужна Америка. Покрај настапот на нашите играорци и играорки, со подршка од нашата Црковна и Културна заедница МПЦО Св. Наум Охридски Виена ја збогативме атмосферата на фестивалот со домашни македонски закуски. На тој ден уживавме претставувајќи еден мал дел од нашата татковина преку култура и храна.
Голема благодарност до Ева Цеман и нејзиниот тим за долгогодишниот ангажман и што ни возможи да бидеме дел од овоје прекрасен настан!
Исто така голема благодарност до сите оние кои допридонесоа за нашиот штанд да биде најубав, со својот труд, кој физички, кој морално, кој со кулинарски вештини
https://www.facebook.com/100067651753043/videos/pcb.606828861582167/988584449249679