Home Култура Денеска се навршуваат 76 години од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија

Денеска се навршуваат 76 години од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија

by Марко Стоименовски
38 views

На 13 февруари 1947 во Скопје било основано Друштво на писателите на Македонија (ДПМ) — професионално здружение на писателите од Македонија. Основачи се: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малевски, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.

За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

Досегашни претседатели на ДПМ се: Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Димитар Митрев, Коце Солунски, Коле Чашуле, Бранко Пендовски, Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Благоја Иванов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, Димитар Солев, Петре М. Андреевски, Србо Ивановски, Томе Арсовски, Георги Старделов, Тодор Чаловски, Јован Павловски, Светлана Христова-Јоциќ, Милован Стефановски, Веле Смилевски, Трајан Петровски, Раде Силјан и Соња Стојменска-Елзесер.

Фотографија: Друштво на писателите на Македонија, 1953 г. (Преземено од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура)

Стојат: Александар Спасов, Јордан Леов, Лина Малинска, Јован Бошковски, Коле Чашуле, Блаже Конески и Симон Дракул.

Седат: Ацо Шопов, Крсто Белев (писател од Бугарија, гостин на ДПМ), Ѓорѓи Абаџиев, Васил Иљоски и Димитар Митрев.

Извор: Фејсбук група Македонски јазик

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!