58
Почитувани симпатизери на ФК ,,Македонија”,
Од името на фудбалерите на ФК ,,Македонија”, членовите во управата, како и од мое лично име сакаме да ви се заблагодариме за вашата голема присутност на нашата свеченост по повод нашиот 30 годишен јубилеј во салата за свечености Феви во Локарно. Ве имаше многу од сите страни на Швајцарија, па дури и наши сограѓани од Италија.
Голема благодарност до градоначалникот на Локарно, Ален Шерер кој одржа поздравен збор и ги поздрави присутните и упати пофални зборови за целата организација и нашата Македонската заедница во Кантон Тичино.
Благодарност и до останатите претставници од општина Локарно, како и претставници на говорното подрачје на кантон Тичино за присутноста и соработката што ја остваруваме.
Упатуваме благодарност и до нашите ученици кои посетуваат дополнителна настава по македонски јазик, предводени со наставничката Ана Тимовска Митрева, како и играорната група. Благодарност и до играорците од КУД ,,Свети Сава” од Белинцона кои беа наши гости и се претставија со нивниот фолклор.
Навистина немаме зборови за вашата многубројна присутност, продолжуваме напред со нови победи и успеси, да се чува и негува нашата Македонска традиција.
Благодарност од сè срцедо сите!
Од управата на
ФК ,,Македонија” Локарно
Претседател: Мите Петров
Потпретседател :Александар Михајлов
Спортски директор: Игор Смилков
Одговорен на екипата: Марјан Пасков
https://www.facebook.com/makedonijalocarno/posts/pfbid02Ms49xrJvPLhGtBZCFyf1LdCHn1G4RMzo1KunDPh32CUm2XUTizVZ1NL88nGiqUHxl