Љубовта и блискоста во време на изолација се главниот мотив во изложбата „Љубовници во пандемија“ на нашата уметница и дизајнерка Јана Манева-Чупоска, поставена во Венеција. Во период кога италијанскиот центар на културата го живее своето 61-во Венециско биенале, македонското творештво добива директна можност за поголема меѓународна видливост. За значењето на оваа поставка, поддржана од Министерството за култура и туризам, известува Оливера Јовановска.